| четврток, 6 декември 2018 |

UNER вечерва во Скопје

Вечерва во Скопје ќе настапи едно од најзначајните имиња од новата генерација шпански електронски музички продуценти. Сетот на Унер (UNER) ќе може да се чуе во новиот ноќен клуб „Епицентар“.

Музички тренинг на UNER му овозможува уште од млад да развие свој, различен музички концепт и звук. Токму тој звук го доведе до издавачки куќи како Diynamic (каде е активен член и има направено ремикси за дел од неговите најпознати траки како „Raw Sweat“ и „Bassboot“), Cadenza (дебитираше со „Pallene“ и „Cocoua“), 2020 Vision, Get Physical, Cécille и Visionquest.

Македонската публика ќе може да ужива во неговиот настап по цена од 300 денари, симболична сума за одличната журка која е во најава.

Со напорна работа и квалитетна продукција, UNER е меѓу најпочитуваните имиња на денешницата, а диџеи како Luciano, Carl Cox и Laurent Garnier ја свират неговата музика редовно во своите сетови. Редовен гостин е во Watergate – Берлин, Pacha и Ushuaia на Ибица како и на фестивали како Sonar, Monegros или Rock In Rio. Во 2012 беше меѓу Топ 10 диџеи на Resident Advisor, а три негови траки се наоѓаат на вечната Top 100 листа на RA.

Неговиот диџеј сетап постојано еволуира, a Mixture е насловот на неговиот концепт за настапи во кој тој користи 4 дека, голем број на ефекти, тач контролери и семплер, два лаптопи и миди клавијатура со што го комбинира класичниот диџеј сет и негиот лајв перформанс нудејќи уникатно и незаборавно музичко доживување. Само моменталната креативност на UNER претставува граница за тоа што можете да го слушнете. Секој настап на UNER претставува незаборавно и уникатно искуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top