| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Невработеноста во Штип е намалена за 52 отсто

Пред нашето доаѓање Штип имаше 16.104 вработени , денеска работат 20.551 граѓанин на општина Штип. Невработени имаше 8.021, денес има 3781. Тоа е огромна разлика, рече Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата„ За подобра Македонија“ во Штип истакна дека откако ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт невработеноста во Штип е намалена за 52 отсто.

Во Штип отворивме технолошко индустриска зона , донесовме многу инвестиции, почнаа да се вработуваат многу луѓе и Штип денеска има намалена невработеност. Пред нашето доаѓање Штип имаше 16.104 вработени , денеска работат 20.551 граѓанин на општина Штип. Невработени имаше 8.021, денес има 3781. Тоа е огромна разлика, невработеноста е намалена за 52%. Тие резултати не паднеле од небо, некој многу работел за да се постигне тоа и ќе продолжи да работи и повеќе од досега, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top