| четврток, 6 декември 2018 |

Гаги: Дојде време пак да бидеме заедно со Анабела!

Поранешниот брачен пар Анабела Атијас и Гаги Џогани ги оставија зад себе проблемите и повторно се споија.

За враќањето на групата „Фанки Џи“ заслужен е сопственикот на еден ноќен клуб во Белград кој им упатил заедничка покана, а тие со воодушевување ја прифатиле.

Луна, нашето прво чедо, е дефинитивно виновникот што ние двајцата еден кон друг секогаш ќе бидеме коректни. Изненадена сум што има толку интерес околу обновувањето на „Фанки Џи“. Не би било добро да ја изневериме публиката, изјави Анабела.

Луѓето очекуваа некогаш во иднина да бидеме повторно заедно во групата, се зборуваше за тоа и еве дојде време повторно да бидеме заедно. Мислам во група, изјави Гаги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top