| четврток, 6 декември 2018 |

Браќа прободени со нож на автобуска постојка во Скопско

Браќата Џ.Н. (32) и Б.Н. (23) од с.Грушино вчера биле нападнати и прободени со нож кај автобуската постојка во селото од страна на неколку непознати лица.

Од полицијата информираат дека истите биле пренесени во Клинички центар Скопје, каде им се констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки  за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top