| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан татко ја нападнал ќерка си, таа го пратила во болница

Ноќва во 00.10 часот телефонски во ЕИК се јавила С.Д. (27) од с. Пакошево, Скопско, и пријавила дека била физички нападната од нејзиниот татко Р.В. (62), кој бил во алхохолизирана состојба.

Притоа, истата во самоодбрана со нож го прободела во левата подколеница. Р.В. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што му биле констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top