| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Со отворање на ТИРЗ ќе донесеме нови инвестиции во Гостивар

Бројот на нови вработувања во Гостивар од јануари 2006 до денес е зголемен од 7000 на 13000.

-Истовремено бројот на невработели лица е намален од 12000 на 7000. Тоа зборува дека имаме пад на невработеноста и отворање на нови работни места. Но, има потреба од отворање на нови работни места.  Токму затоа ќе ја отвориме ТИРЗ во Гостивар, руралните развојни економски зони, економската зона во Врапчиште а ќе преземеме и низа други мерки. Истовремено би сакал да нагласам дека Никола Груевски и неговиот тим имаат подготвено план за привлекување странски инвестиции, контакти со стоици компании, ние имаме систем кој функционира, порача од Гостивар носителот на ИЕ 6, Владимир Ѓорчев.

Како што се зголемува бројот на нови работни места, се зголемува и цената на трудот и така растат платите, заклучи Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top