До Државната изборна комисија во законскиот рок до полноќ, финансиски извештаи за приходите и за расходите од 21 до 30 ноември, десетиот ден од изборната кампања, доставиле сите коалиции и партии учесници на изборите на 11 декември.
До Комисијата извештаи за потрошените средства во првите 10 дена од кампањата доставиле ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, СДСМ и коалицијата, ДУИ, ДПА, Демократската бошњачка партија, Коалицијата за промени и правда – Трет блок, Коалиција Алијанса за Албанците, Либералната партија на Македонија, Коалиција ВМРО за Македонија, БЕСА и Левица.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пријавила расходи од 43 милиони 961 илјада и 384 денари.
Според финансискиот извештај на здружената опозиција предводена од СДСМ, расходите од 10 до 30 ноември изнесувале 19 милиони 683 илјади и 894 денари.
ДУИ како расходи пријавила пет милиони и 336 илјади и 095 денари.
ДПА пријавила вкупно расходи од 433 илјади и 840 денари.
Коалицијата за правда и промени – Трет Блок вкупни расходи од еден милион и 559 илјади и 635 денари.
Коалицијата Алијанса за Албанците како расходи пријавила 893.519.
Либералната партија, пак, потрошила 477 илјади и 811 денари.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ како расходи пријавила две милиони 848 илјади и 970 илјади.
Партијата за демократски просперитет има потрошено 262 илјади и 761 денар.
БЕСА во финансискиот извештај пријавила четири милиони 725 илјади и 217 денари.
Левица пријавила расход од 81 илјади и 354 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст