| четврток, 6 декември 2018 |

Привремен сообраќаен режим на скопската обиколница

obikolnica

На скопската обиколница од денеска се вовоедува привремен сообраќаен режим поради изведување градежни работи на потегот од клучката Синѓелиќ до клучка Смиљковци, што беше оштетен во поплавите од 6 август годинава.

Градежните работи ги изведува „Трансмет“ Скопје. АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top