| четврток, 6 декември 2018 |

Шерифовиќ за албанските преставници: Кретену бушав што се дереш!

marija-serifovic evrosong malme

Кретену бушав што се дереш! Ова го напишала на „Твитер“ поранешната победничка на „Евровизија“, Марија Шерифовиќ од Србија, кога ги слушнала албанските преставници на „Евровизија 2013“.

Покрај ова, Шерифовиќ ги изнервирала и новинарите во Малме. Таа беше дел од српскиот тим на „Евровизија“.

Кога ги прашале претставниците на Србија на „Евровизија“ кој им ги изработувал костимите и зошто одговорното лице не е веднаш испратено дома, пејачката Марија Шерифовиќ и поранешна победничка на „Евровизија“ бурно реагирала.

– Погледнете се вие како изгледате – рекла Марија. Ова било сосема доволно да ги изнервира новинарите, кои негодувале поради нејзиното дрско однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top