| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Минималната плата на СДСМ би предизвикала голем број отпуштања од работа

 

Минималната плата од 16.000 денари што ја предвидува СДСМ би предизвикала голем број отпуштања од страна на компаниите.

-Постои светска статистика каде што се јавува корелација помеѓу висината на минималната плата – како процент од просечната плата, и стапката на невработеност. Можете да ги ставите на дијаграм и ќе констатирате дека моделот покажува во просек до некаде 50 проценти висина на минималната плата од просечната плата поволно влијае на невработеноста, над тоа ниво влијае негативно. Зашто ако наметнете висока минимална плата на голем дел од индустриите кои не можат да ја издржат наместо да ја зголемуваат, тие ги отпуштаат вработените. Она што го предлага СДСМ е далеку над оваа крива – изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top