Реални ли се ветувањата на СДСМ за просечна плата од 30.000 денари? Детална анализа на оваа тема направи вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, кој смета дека во СДСМ не е направена анализа за тоа што значи ова ветување за македонската економија, а неговиот став го поткрепи со куса пресметка.
-Просечната плата во овој момент во Македонија изнесува 22.000 денари, СДСМ се залага за просечна плата од 30.000 денари, разликата е 8.000 денари. Доколку се исплатат овие 8.000 денари треба да додадете дополнителни придонеси, отприлика околу 46 отсто, да заокружиме на 50 отсто или дополнителни 4.000 денари. Значи 8.000 и 4.000 се 12.000 денари. Вкупниот трошок на работодавачот за да се постигне она што СДСМ го ветува изнесува 200 евра по вработен. Во Македонија има две статистики – едната ја води Агенцијата за вработување од каде што велат дека во земјава се регистрирани 585.000 луѓе со М1 образец, Државниот завод за статистика по нивните методи велат дека се работи за 720.000 вработени лица. Ако на 600.000 вработени им ги зголемите платите за 200 евра, тоа на месечно ниво значи 120 милиони евра, а на годишно ниво 1,4 милијарди евра. Ова се пари коишто не постојат во стопанството. Податоците на Централен регистер покажуваат дека вкупната добивка на сите македонски субјекти регистрирани во Централниот регистер, кои согласно законот за трговски друштва даваат завршна сметка изнесува околу 73 милијарди денари. Има субјекти коишто имаат загуба, нивниот збир е околу 24 милијарди денари. Македонската економија во текот на минатата година создала добивка од 49 милијарди денари или во евра тоа се 840 милиони евра. Само трошокот на плата што го предвидува СДСМ ќе ја изеде целата добивка што постои кај сите компании и ќе создадат дополнителни загуби до 550 милиони евра. Македонската економија не е во состојба да испорача такви перформанси, појасни вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.
Тој додаде дека во изминатите години Владата преку инвестиции успеала постепено да го зголеми БДП и да ја зголеми просечната плата, од 2006-та година па досега, за 65 проценти, односно од 13.000 на 22.000 денари.
-Според нашите макроекономските проекции до 2020 година нето просечната плата ќе изнесува некаде помеѓу 26.500 и 27.000 денари, но до таму се стига постепено. 30.000-те денари што ги ветува СДСМ ќе предизвикаат фирми со загуби што ќе бидат принудени да ги отпуштаат работниците, но тоа и порано било дел од нивната пракса, изјави Пешевски кој гостуваше во отвореното студио на ТВ-Нова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст