Стрелец
Конечно ќе излезете од периодот во кој имавте доста емотивни воздигнувања и падови. Ќе почувствувате наплив на позитивна енергија и враќање на самодовербата. Месец декември ќе ви донесе добар исход во сите преговори. Зимскиот период може да ви донесе почеток на нова емотивна врска, а многу мажи ќе сакаат подобро да ве запознаат.
Јарец
Ќе имате разни деловни дилеми и недоумици, бидејќи многу ќе се сомневате во сопствените способности. Дури крајот на декември ќе ви донесе разрешување на ситуацијата на деловен план, па подобро до тогаш да не донесувате важни одлуки.
Водолија
Во текот на декември ќе имате искрена пријателска поддршка. Иако во овој месец ќе ја мешате љубовта со пријателството, можете слободно да се потпрете на пријателските совети. Уран постојано ве става во непредвидливи ситуации поради кои грешите, бидејќи сте доста импулсивни. Од една Вага можете да очекувате добра деловна понуда.
Риби
На деловен план ве очекува динамичен период. Првите денови од месецот ќе ви биде исклучително тешко да извршите било какви обврски. Интересно е тоа што на работа ќе ви се случуваат многу значајни работи, па дури и љубов. Не е исклучено дека ќе почнете врска со некој што ќе го запознаете преку работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.