| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскоп за декември: Овенот несогласувања, Бик-патувања…

Лав
Декември ќе ви биде повеќе од забавен. Ќе имате многу прилики за забава и излагување. Марс во третото поле укажува дека ќе бидете многу директни во комуникација со личностите кои ви се блиски. Венера укажува на добри деловни преговорои, а Меркур ви донесува подобрување на финансиската состојба.

Девица
Меркур во четвртото поле ве прави посветени во семејните и стамбените обврски. Можно е во овој месец да донесете некоја одлука која тешко ви паѓа. Во првиот дел од месецот можете да очекувате ненадејна деловна понуда од некој огнен знак. Декември ќе ви донесе заработка на големи пари.

Вага
Декември за вас ќе биде период во кој ќе имате многу грижи и одговорности околу она што ќе го правите. Тоа најпрво се однесува на односите со блиските, а потоа и на стамбеното прашање. Ако сте мислеле да реновирате дома, сега е добар момент за тоа. Многу Ваги ќе почнат сопствен бизнис, и тоа ќе оди бавно, но сигурно. Марс во вториот дел од месецот ќе ве поттикне на акција, така што нема да можете да седите мирни.

Шкорпија
Нагласеното второ поле треба да го искористите за дополнителна заработка. Ќе добиете позитивни животни лекции кои ви биле неопходни. Во овој месец имате двојно поголеми исходи за секои преговори. Последната недела од декември е поволна да отидете на патување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top