| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на твитер календар во кино „Фросина“

Промоцијата на годинашниот #ТвитерКалендар ќе се одржи вечерва (01.12) во фоајето на кино „Фросина“, со почеток од 20 часот.
Сакајќи да се продолжи традицијата, десетмина храбри твитерџики и твитерџии се разголија пред објективите на нашите фотографи Ѕвонко Плавевски и Димитар Петровски- Дими, додека за дизајнот се погрижи Гоце Велевски Омајгад- сите тројца твитерџии, се разбира 🙂
Како и секоја година, Твитер календарот ќе се продава по симболична цена, а средствата и овој пат ќе бидат донирани во хуманитарни цели! 
Промоцијата на календарот е во рамките на настанот посветен на Светскиот ден за борба против сидата, под мотото „Шизици уживајте без ризици! Тестирај се, заштити се, не дискриминирај…“, кој, меѓудругото, ќе има повеќе активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top