Лидерот на опозицијата на вонредна прес-конференција денес соопшти дека ако дојде на власт СДСМ, тој лично ќе го блокира трансферот на младиот ракометен бисер Филип Талевски во германскиот шампион Рајн-Некар.
Според Заев, младите многу се иселуваат од Македонија и кога тој ќе дојде на власт ќе запре тоа бидејќи ќе го врати животот во земјата.
Бев избезумен, во шок, многу фригидно се почувствував и јас и сите во партијата кога случајно следејќи вести дознавме дека ракометниот талент Филип Талевски потпишал трансфер во Германија во некој си клуб Рајнекар. Ловен. Мовен, како и да беше, за 100-200 илјади евра на метар кубен по квадрат.. на час. Мислам дека така нешто беше – рече Заев.
Младите се иселија, многу млади, заминаа од Македонија. Тоа мора да запре. Ова со ракометарот ја прелеа чашата, значи не смее млади добри деца да заминуваат таму во светот бидејќи дома не може да ја земаат германската плата. И сега Филип Талевски ќе живее на улица Штрасе во Германија и ќе игра ракомет далеку од дома, нема ништо таму, ни сирење беровско ни ајвар и зошто? Бидејќи владата на ВМРО-ДПМНЕ не направила услови тој да остане да игра во Скопје или Струмица и да зема 10-15 илјади евра месечно. Тоа е недозволиво – додаде Заев.
Затоа кога ќе дојде Заев на власт лично ќе се погрижам да го блокирам трансферот на Талевски бидејќи доста беше младите да заминуваат од Македонија. А ако ептен запне да заминува Вицето ќе го пратиме на преговори во клубот таму каде што ќе оди и ако ептен мора да замине, ќе замине во странство овој млад човек само под подобри финансиски услови за Македонија – е убеден лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тој додаде и дека покрај Талевски во Македонија ќе ги враќа сите што заминале и работат за 20 пати повисока плата.
Не смееме да си дозволиме еден молер да не биде платен 8 евра на час како во Германија. Значи 1.500 евра ќе биде минимум молерска плата во Македонија, а лекарите ќе земаат едно 10-15 илјади сигурно. Секој мора да е стимулиран за да остане во Македонија. Ако треба ќе најдеме и нафта и ќе ја продаваме и ќе имаме милијарди, сто илјади милиони милијарди во буџетот, ама ќе ги вратиме дома сите луѓе – убеден е Заев.
И едно да знаете, ако, на пример, јас како премиер заминам во Германија бидејќи ќе треба да се откажам од фирмите што ми прават милиони, а премиерската плата не ми е доволна, тогаш ќе дојдам и јас по мене во Германија да се земам и да се вратам дома, па ќе си ја направам платата како премиеро на Германија или канцелар или што и да беше, така нешто тоа се викаше мислам, и после ќе го запрам иселувањето на премиери од Македонија со тоа што ќе имаат 300 илјади евра годишна плата со која ќе запре и ова иселување на Зоран Заев од Македонија бидејќи ако замине Заев кој ќе го враќа животот? Не ме црпна Господ од нивите за џабе да не го враќам животот и ДДВ во Македонија – заврши претседателот на СДСМ.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.