За Такер Русан се мислело дека нема да преживее. Му бил дијагностициран срцев тумор уште пред да се роди, и неговиот случај се чинел надвор од можностите на современата медицина. Но, очајни да го спасат нивното бебе, родителите Кети Рајс и Мајк Русан од Вермонт нашле надеж во Детската болница на Филаделфија, во која тимот лекари им понудил нешто досега нечуено.
Па така, во 24-тата недела од бременоста, тимот ја извел првата фетална хируршка интервенција за отстранување тумор во светот. Сега веќе тригодишниот такер е среќно и здраво дете во предучилишна возраст.
-Сѐ се одвива прекрасно“, вели хирургот д-р Џек Рајчик. „Ова е емотивната страна на менувањето на природата, кога таа наметнува слаби изгледи за живот, а ние тоа да го свртиме за 180 степени и да му овозможиме нормален живот на ова дете. Да му се даде на ова дете можност за нормален животен век како единствено човечко суштество.
На Такер му била дијагностицирана интраперикардијална тератома. Тоа е исклучително редок вид тумор кој се шири брзо во срцевага обвивка и може да се открие уште во периодот пред раѓањето. Доколку не се третира, секогаш има фатален крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст