| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Ако можам да ја усреќам убавата Ленче Ристовска, признавам дека сум фактор

lenceПрислушуваните разговори се дебело изрекетирани и од тоа добри пари собрани, а кога ќе се додаде и дипломатскиот буџет испран низ разни невладини организации се доаѓа до износ кој е очигледно поголем од минатите избори кои ги водеа Заев и Шекеринска, како и од тие претходно кои ги водеше Црвенковски, пишува Драган Павловиќ-Латас во понеделничката колумна „Математика“.

Пари имаат, но луѓе и памет помалку од кога било.

Нивниот подземен партиски асистент – СЈО, за разлика од нив, работи турбо. Што не можат сами – добиваат логистика од дипломатските експертски служби.

Упаѓаат по партиски штабови и ги плашат активистите на Груевски, тресат фирми за кои Заев им рекол дека се блиски до ВМРО, министерствата се под опсада од нивните истражители, се притискаат и уценуваат судии да седнат во скутот на СЈО. А јас сум, нормално, под посебен режим на притисок. Иако не сум ни политичар ни државен службеник кој има моќ и носи одлуки. Процениле дека сум фактор, па тоа ти е.

Ако тоа ги прави среќни, особено ако така можам да ја усреќам убавата Ленче Ристовска, еве признавам дека сум фактор. И на Катица ќе ѝ признаам, иако не е Ленче.

Но, тоа нема да ги смени фактите. Тоа што нив ги боли е што се само обвинители, и нивниот збор не вреди ништо повеќе од зборот на адвокатите. Тие би сакале да обвинуваат, јавно клеветат и понижуваат и – да судат и осудат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top