Вчера околу 16.40 часот на крстосницата од магистралниот пат Штип-Кочани со ул. „Брегалничка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „опел тигра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.К. (40) од с.Теранци и џип „чироки“ со бугарска национална ознака, управувано од И.К. (51) од Пехчево.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.К. (65) од с.Теранци, сопатничката од „опелот“, која била пренесена во Клиничката болница во Штип, каде починала.
Возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и е задржан на лекување во истата болница.
Возачот на џипот и сопатничката Р.К. (44) од Пехчево се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип. Во периодот од 18.30 до 20.00 часот сообраќајот се одвивал наизменично по една коловозна лента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.