Божикните или адвентски календари, што ги одбројуваат деновите од 1 декември до Божик по грегоријанскиот календар на 24 декември, традиционално содржат најразлични мотиви и подароци.
Но, оваа година Европол претставува своја верзија на божикен календар на интернет, на кој се ликовите на најбараните криминалци во Европа.
– Од 1 декември, па во наредните 23 дена, секојдневно ќе објавуваме по еден бегалец од некоја од членките на Европската унија. Се работи за сторители на сериозни кривични дела, како што се убиства, тероризам, киднапирања, силувања и шверц на дрога. Дневно, еден лик на криминалец кој моментно е во бегство, ќе биде објавуван на Фејсбук и Твитер, изјави вчера портпаролот на Европол, Џералд Хестер.
Денеска ќе биде објавена фотографија на Тибор Фоко (60) од Австрија, кој е осуден и се бара за убиство на проститутка во 1986 година. Тој побегнал од затвор во 1995, а наградата за информација што би помогнала за негово повторно апсење, изнесува 2.900 евра.
– Се надеваме дека на 24 декември ќе им дадеме убав подарок на луѓето, така што ќе фатиме некои од овие криминалци, рече Хестер.
Од 1 јануари, па досега, со објавувањето на потерниците онлајн и на социјалните мрежи, се уапсени вкупно 24 бегалци-затвореници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст