| четврток, 6 декември 2018 |

Денес е ждрепката за ЕП за фудбалери до 21, Македонија во третиот шешир

Полскиот град Краков, е домаќин на жрепката, со која ќе бидат одредени групите за Европското првенство, за фудбалери до 21 година. Македонија на извлекувањето се наоѓа во третиот шешир.

Младите македонски фудбалери кои остварија историски успех со пласманот на завршницата на Европското првенство од третиот шешир ќе ги чекаат противниците заедно со Италија, Чешка, Шведска, Србија и Словачка.

Домашната селекција ќе биде носител на А групата, а во првиот шешир уште се и Германија, односно Португалија.

Англија, Шпанија и Данска се репрезентациите кои се наоѓаат во третиот шешир.

Репрезентациите ќе бидат сместени во три групи со по четири тима, а во полуфиналето ќе се пласираат победниците на групите и најдобрата второпласирана репрезентација.

Европското првенство во Полска ќе се одржува од 16. до 30 јуни 2017 година во Краков, Кјелце, Лубин, Гдиња, Бидгошч и Тиши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top