| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Додека ние се трудевме да ја носиме Македонија напред, Заев не влечеше назад

ngruevski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг на партијата и коалицијата во Виница истакна дека додека владата работела и се трудела да привлече нови инвеститори и да отвори нови фабрики и работни места, Заев со своите постапки ја влечел Македонија назад.

– Албанската дијаспора го прогласи за спасител, но сите многу добро знаат дека Заев е еден обичен измамник и ништо повеќе. Овој народ видел и минал многу како него. Ние додека влечевме напред тој назад, ние се боревме за привлекување на нови компании, а тој ни беше како камен на врат. Ние трчаме напред, да ја влечеме Македонија напред, тој назад. Дури и во една таква ситуација ние извлековме максимим, истакна Груевски меѓу другото во својот говор во Виница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top