| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедијата која никогаш не ја преболел: Зошто Каније доживеал нервен слом?

Каније Вест минатата седмица итно бил пренесен во болница, а медиумите на големо шпекулираат за неговата здравствена состојба, која наводно не оди на добро.Познатиот рапер, кој со старлетата Ким Кардашиан има две деца, пред една седмица поради халуцинација бил принудно хоспитализиран, а уште не е познато кога ќе излезе од болница, со оглед на тоа дека ситуацијата не се поправа.

Како што пишуваат медиумите Каније имал нервен слом, предизвикан, меѓу другото, и од смртта на неговата мајка.Извори велат дека раперот бил во психички тешка состојба неколку седмици пред да биде хоспитализиран, и дека бил „емотивно исцрпен”, бидејќи ја тешел својата сопруга по грабежот во Париз.

Сепак, главна причина била годишнината од смртта на неговата мајка Донда, која починала во ноември 2007. година.

Донда имала 58 години кога починала од компликации по операцијата. Погребана била на 20 ноември, истиот ден кога Каније го откажал својот концерт во Лос Анџелес. Ден подоцна го откажал и остатокот од турнејата и подоцна бил пренесен во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top