| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Заев ветува враќање на данок, а ни денар на струмичани им нема вратено

ilija-d

Носителот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“ во ИЕ 3, Илија Димовски од митингот во Виница пред присутните истакна дека сето тоа што Заев сега го ветува, се празни зборови и лажни ветувања кои народот ги препознава.

– Го слушаме Зоран Заев како повтроно деновиве дава лажни ветувања. Народот е навикнат на тоа од него, но мора да биде јасно. Ветуваат поврат на данок, еве Заев 11 години е градоначалник на Струмица и 1 денар на граѓаните на Струмица им нема вратено. Како да му веруваме? Ветува странски инвестиции и отворање на фабрики, а ниту една во Струмица нема отворено. Ветува плата од 30 000 денари, а вработените во неговите фирми земаат далеку помали плати. Како да му веруваме? Со разни ветувања се обидува да ги излаже граѓаните. За разлика од нив, во 2006 кога си одеше СДСМ, во Виница работеле 4241 човек, а денеска тој број е и тоа како зголемен . За разлика од времето на СДСМ, овие годиини навистина се создаваат услови за нови странски и домашни компании да инвестираат, а со тоа и да се отвораат нови работни места, истакна Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top