Вчера околу 15,00 часот на регионалниот пат Гевгелија-Миравци, во близина на с.Милетково, се случила сообраќајна незгода во која М.К.(42) од с.Прдејци-Гевгелија, управувајќи со возило „фиат фемпра“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во товарно возило „мерцедес“ со полуприколка „шмитц“ управувано од О.К.(39) од Гевгелија.
Во незгодата М.К. починал на лице место а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на лице место извршила увидна екипа на гевгелиската полиција, при што за време на увидот од 15,00 до 18,00 часот сообраќајот бил во прекин, а бил пренасочен према магистралниот пат М1 клучка „Удово“.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.