Откако телохранителот на Бред Пит во изјави за тамошните медиуми открил дека славниот актер веќе неколку недели, се гледа со една позната колешка, американските таблоиди тргнаа во „лов“ за да го откријат нејзиниот идентитет.
И изгледа дека потерата е завршена, затоа што во текстот на сајтот “Woman’s Day” извор близок до актерката открил за која холивудска убавица станува збор.
-Кејт Хадсон е мистериозната девојка на Бред. Последните недели тие двајца станаа многу блиски и излегоа неколку пати, Секако, во строга тајност. Имено во тоа нема ништо невообичаено, затоа што и Бред и Кејт се големи холивудски ѕвезди, двајцата се згодни и успешни и уживаат заедно да поминуваат време“, тврди изворот.

Од друга страна, крис Херцог, телохранителот на славниот актер не сакал да открие дали токму Кејт е „успешната холивудска актерка“ со која Пит веќе со недели се гледа, како што порано открил.
-Ја познавам Кејт веќе долга низа години и можам да кажам дека таа е одлична личност. Тие двајца би биле исклучителна двојка“, кажал Херцог.
Сепак, како што пишува Дејли мејл, извор близок до холивудскиот актер ја негирал точноста на овие информации.
Покрај новата љубов на холивудскиот наследник, денеска медумите пишуваат и дека Американското федерално истражно биро ја затвори истрагата против Бред Пит, поради наводно злоставување на деца.
-Во врска со обвинувањето, ФБИ ги разгледа сите околности и одлучи да ја прекине понатамошната истрага, без да биде поднесена некаква тужба, изјави портпаролот на ФБИ Лаура Еимилер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


