| четврток, 6 декември 2018 |

Америкaнците изненадени: Обама попушти, Трамп од него ќе наследи…

Администрацијата на Обама во последните неколку седмици од мандатот го прошири географскиот опсег на удари на дронови, списокот на мети, како и воените овластувања на претседателот и покрај тоа што Обама немаше позитивен однос кон Трамп. Овластувањата за носење на воени одлуки кои ќе му бидат достапни на новиот американски претседател Доналд Трамп ќе зависат од човекот кој што во повеќе наврати изрази недоверба кон способноста на Трамп за носење на рационални одлуки – актуелниот претседател Барак Обама.

Според последните извештаи, администрацијата на Обама во последните седмици од мандатот ќе го прошири географскиот опсег на удари на дронови, списокот на мети и правните опрадувања за тие акции.

Новоизбраниот американски претседател кој што се обврза дека „ќе ја разнесе Исламската држава“ се чини дека ќе наследи овластувања за слободно да може да нареди напади на терористичките и милитантните групи на било кој дел од светот.

Покрај тоа, минатата седмица беше откриено дека Американците формираат нова тајна единица – „Команда на здружените специјални операции (JSOC)“, која што ќе изведува воени операции надвор од фронтовите во Ирак, Сирија и Либија без одобрување на регионалните власти и воени сили.

Таквиот концепт би ја претворил оваа единица во глобална борбена сила која што ќе може да изврши напад било каде на планетата. Администрацијата на Обама секогаш стоеше на ставот дека не постојат географски граници каде што САД не можат да не спроведат анти-терористички акции. Сега, се чини дека претседателот во заминување превзема чекори за да формира организациона командна структура која што ќе го отелотвори тој „безграничен концепт“.

Под овој опасен широк концепт на „колективна само-одбрана“, САД ќе може на своите единици да им нареди напад било каде на светот каде што нивните партнери ќе бидат загрозени, без оглед на тоа дали има Американци на теренот и дури и ако непријателите директно не ги загрозуваат Соединетите Американски Држави.

После ова, јасно е дека администрацијата на Обама ќе му остави воени овластувања на Доналд Трамп поголеми од било кога, иако Обама немаше голема доверба во кандидатот на Републиканците во пресрет на претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top