| четврток, 6 декември 2018 |

Обесениот маж од пред НИП имал здравствени проблеми

SAS_6961

Педесет и осумгодишниот маж ја испратил сопругата на работа, по што се самоуби со бесење во близина на местото каде што со години им ги чистел чевлите на минувачите, пишува „Утрински весник“.

Во близина на зградата на Европската мисија во центарот на градот, тој со години им ги чистел чевлите на минувачите.

И во средата, како и секое утро, 58-годишниот А.И. од населбата Шуто Оризари ѝ правел друштво на својата сопруга кон нејзиното работно место. Со градски автобус пристигнале до центарот на градот. Таа заминала кон просториите на позната приватна фирма, каде што работела со децении, а тој да се прошета низ градот. Неколку часа подоцна неговиот живот заврши во близина на една од најфреквентните крстосници во градот. Околу 8.15 часот многубројни случајни минувачи го забележаа неговото безживотно тело како виси на дрво во паркот спроти поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“, пишува „Утрински“.

А.И. имал големи здравствени проблеми и , веројатно, тоа е причината за самоубиството.

– Имаше проблеми со срцето, преживеа инфаркт, пред Нова година лежеше на Клиниката за кардиологија, нека ви кажат докторите како го гледавме. Три години имаше рак на простата, имаше и психички проблеми. Постојано пиеше апчиња, беше многу внимателен. Секое утро ја испраќаше мајка ми на работа, а вечерта кога ќе се вратеше, правеше две кафиња: за себе и за неа. Четириесет години беа заедно – вели за „Утрински“ еден од двајцата синови.

Во ќесичката што ја носел А.И. со себе имало околу 900 денари и таблети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top