Клинтон минатата недела беше пуштена од болница во Њујорк каде што се лекуваше три дена. По извршените прегледи било утврдено дека има тромб меѓу черепот и мозокот кој настанал по потресот на мозок што го имаше минатиот месец.
Клинтон веќе го одржала и првиот состанок со персоналот, откако минатиот месец ја откажа поетата на Северна Африка и Блискиот Исток.
65 годишната Клинтон треба да ја напушти должноста државен секретар пред Обама официјално да го почне вториот мандат на 20 јануари. Нејзиното место ќе го наследи Џон Кери, сенаторот од Масачусетс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


