| четврток, 6 декември 2018 |

Среда и четврток – неработни денови!

По повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, 30 ноември (среда) е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
 Ова е заклучок од владина седница одржана на 25 ноември. На денот на акцијата градинките се со вообичаено работно време.
Од МТСП информираат дека датумот за одработување дополнително ќе се определи.
И четврток, 8 декември, е неработен ден. Празникот Свети Климент Охридски е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top