Вчера околу 12,00 часот во ПС-Битола, Д.Д. (74) од Битола пријавил дека претходната вечер околу 19,30 часот ул. „Браќа Мингови“ во административна канцеларија две маскирани непознати лица извршиле разбојништво врз него, при што му одзеле едно ДВД „филипс“, златен накит и накит бижутерија.
Откако Д.Д. го отклучил катанецот од влезната врата на наведениот објект, од задната страна му дошле лицата, го турнале по скалите каде истиот паднал, му ги врзале рацете и устата, по што му побарале пари. Откако им кажал дека во него има само 250 денари, лицата не му ги одзеле и почнале да пребаруваат по објектот каде ги нашле и одзеле наведените работи и го напуштиле местото на настанот.
Увид извршила увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)