НК КР Кавадарци поднесе кривична пријава против Љ.Ј. (51) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Во временскиот период 2010 до 2014 година во својство на директор на ООУ „Гоце Делчев” од Кавадарци со искористување на службената положба и овластување, дозволил во ООУ “Гоце Делчев” да биде воведено изучување на италијанскиот јазик како втор задолжителен странски јазик во паралелките од 6-то до 9-то одделение, без предходна писмена одлука од совет на родители и од училишниот одбор, иако изучувањето на овој јазик не било предвидено во наставните планови и програми изготвени од Бирото за развој на образованието и одобрени од Министерството за образование на РМ.
Со наведеното дејствие за друг била прибавена противправна имотна корист во износ од 760.904 денари, по основ на плати за вработениот наставник по италијански јазик на штета на буџетот на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.