Во програмата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидени се вкупно 33 милиони евра за набавка на најсовремени медицински апарати и опрема за здравствените установи низ Македонија. Тоа денеска во Охрид го истакна Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во Петтата изборна единица.
– За здравствените установи во рамки на Петтата изборна единица предвидена е набавка на 930 медицински апарати, со вкупна вредност од 6,5 милиони евра, од кои три милиони евра за охридските болници и установи, рече Милошоски.
Тој најави и целосна реконструкција на Клиничката болница во Битола, обнова и реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, завршна фаза на реконструкција на Центарот за кардиоваскуларни болести во Охрид, како и реконструкција и опремување на болницата во Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.