| четврток, 6 декември 2018 |

Откажани сите фудбалски натпревари во Јужна Америка

alen2

Фудбалскиот сојуз на Јужна Америка денеска донесе одлука да се откажат сите натпревари и останати активности по падот на авионот во Колумбија во кој се наоѓаше и бразилскиот фудбалски тим Чапекоенсе.

Претседателот на сојузот на Јужна Америка, Алехандро Домингез се наоѓа на пат кон Меделин, местото каде се случи трагедијата.

Фудбалерите на Чапекоенсе утре требаше да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико Насионал во финалето на Купот на Јужна Америка.

Светските медиуми јавуваат дека причина за падот на авионот е недостиг на гориво и дека од 81 патник и членови на екипажот, има десетина преживеани, меѓу нив и неколку фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top