| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на патот Штип-Радовиш, сообраќајот во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на патот Штип-Радовиш кај местото викано „Пилаф Тепе“, информира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, а слаб снег провејува во Смојмирово, Делчево, Крива Паланка, Страцин, Маврово, Стража, Ѓавато и на Плетвар, но не се задржува на коловоз.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини  од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top