Министерот за финансии Кирил Миновски денеска беше во работна посета на Штип, каде што имаше средба со бизнис секторот. Според Миноски, целта на средбите е да се унапреди дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор.
-Тоа се средби на кои што ние учиме за проблемите на приватниот сектор. Меѓутоа, од друга страна врз основа на оние факти кои што ги дознаваме за реалните состојби се креираат одредени политики, кои што имаат за цел да ги унапредат условите за водење на бизнис. Најголем дел од предлозите кои што придонеса Македонија да се наоѓа на десеттото место во светот на извештајот на Светска банка наречен Дуинг бизнис и на петто место во Европа доаѓаат од вакви средби кои што ги одржуваме непосредно со стопанствениците. Сметаме дека јавно-приватниот дијалог е процес кој што треба да се одвива континуирано, рече Миноски.
Прашан дали како Министерство можат да помогнат на текстилната индустрија и нејзино субвенционирање, поради недостатокот на работници и стопираниот развој за модернизација на производството, Миновски одговори дека се уште немаат добиено официјално барање од текстилниот сектор за субвенционирање на овој сектор.
– Во суштина ние настојуваме преку системските мерки кои што ги спроведуваме преку политиката на ниски даноци најголем дел од средствата да се враќаат во компаниите од проста причина што реинвестираната добивка е ослободен од плаќање давачки. Целта е на тој начин да се стимулира креирање одржлив бизнис на реална основа. Во делот на работната сила фактот што има недостиг на работна сила покажува дека мерките за привлекување инвеститори даваат резултат дека се зголемува се раздвижува пазарот на трудот и оти веќе во одредени градови, во одредени места во Република Македонија имаме недостиг на работна сила, посочи Миноски.
Тој потенцираше дека како Влада ги преземаат сите мерки за стимулирање на бизнис секторот, а во сите области, како што рече, не е дозволено субвенционирањето. Македонија, посочи, е членка на Светската трговска организација и на ЦЕФТА и како држава има одредени обврски и критериуми пред да се донесат какви било одлуки во делот на субвенционирање одредени гранки.
Министерот за финансии Миновски денеска ја посети и германската фабрика „Семак фешн“ која е отворена во новата индустриска зона Запад.
– Се наоѓаме во посета на компанијата „Семак фешн компани“, која што е странска директна инвестиција во Република Македонија каде што се произведува масовно околу над 600.000 парчиња текстил за Сојузна Република Германија. Навистина е импресивно она што имав можност да го видам овде од аспект на начинот на креирање на производот, од аспект на условите за работа и тоа е покажазател дека мерките на Владата на Република Македонија за привлекување на странски директни инвестиции, поттикнување на вработувањата даваат резултат, наведе Миноски.
Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев рече дека веднаш до фабриката на Семак фешн ќе се гради и нова индустриска зона, на која што урбанистите веќе работат, а ќе се простира на површина од 350 хектари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст