Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во 4 Изборна единица Никола Груевски денеска најави продолжување на мерките и на проектите за отворање нови работни места со кои во следниот четиригодишен период се планира да бидат отворени нови 70.000 работни места.
Пред жителите на Конче Груевски најави сто нови вработувања со рестартирањето на рудникот за бакар „Боров Дол“ за кој во постапка е доделување концесија. Инвеститорот, како што посочи Груевски, планира да вложи во рудникот 87 милиони евра.
Осврнувајќи се на мерките насочени кон новите вработувања, Груевски рече дека во изминатиот период се отворени 160.000 нови работни места, од кои само во последните 2,5 години се отворени 39.000 работни места.
Најави дека и во иднина ќе продолжат проектите за поддршка на руралните средини. Меѓу нив го спомена проектот за професионални земјоделски советници кои ќе бидат плаќани по капитација и кои ќе треба три до четири пати да го посетуваат земјоделецот.
Груевски рече дека ќе продолжи субвенционирањето на земјоделците со нови 600 милиони евра, како и распределбата на субвенциите за тутунот.
– Нашата програма не случајно се нарекува „Реално“ затоа што се што е содржано во неа ќе се оствари, истакна Груевски, додавајќи дека граѓаните на овие избори имаат две опции – или да гласаат за онаа која што создава и реализира или, пак, за онаа која разградува и се бори за кантонизација на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии