| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Путин нема да оди на погребот на Кастро

Претседателот на Русија Владимир Путин нема да присуствува на погребот на починатиот кубански лидер Фидел Кастро, изјави денеска портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.

Путин е многу зафатен со подготовките за редовното годишно обраќање кон нацијата, планирано за 1. декември, рече Песков, пренесува Тасс.

Делегацијата на Русија, според неговите зборови, ќе ја предводи Вјаќеслав Володин, близок соработник на Путин и претставник на руската Дума.

Поранешниот кубански претседател почина во 90. година по повеќегодишно боледување.

Посмртните останки на Кастро четири дена ќе ја обиколуваат островската земја пред погребот на 4. декември во Сантијаго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top