Македонците од Голо Брдо ја поздравуваат одлуката за отворање на граничниот премин Џепиште – Требиште, се вели во соопштението испратено од македонското друштво во Албанија, „Илинден“.
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и македонското друштво „Илинден“ – Тирана, разгранок Голо Брдо ја поздравува одлуката на Владата на Република Албанија и на Република Македонија за отворањето на граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо. Овој граничен премин ќе им помогне многу на жителите на Голо Брдо. Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и македонското друштво „Илинден“ – Тирана, разгранок Голо Брдо, се заблагодаруваат на одлуката на двете влади, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.