| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонска национална програма“ од Стефан Влахов Мицов

Во издание на „Матица македонска“  излезе од печат книгата „Македонска национална програма“ од Стефан Влахов Мицов, во која авторот пишува за македонската историја и за вредностите создавани низ вековите.

Во редакциската препорака за ова дело е забележано дека, за разлика од сите нации на Балканот, единствено Македонците немаат целосна национална програма, независно што за разлика од повеќето балкански народи во периодот од 15-ти до 18 век постои македонски протонационализам.

– Во изминатиот период македонскиот народ живеење со идејата за национално и социјално ослободување. Но, тие идеи и концепти не беа хомогени, бидејќи самиот народ беше подложен на различни политички, идеолошки, економски и културни притисоци, влијанија и пропаганди, наведува издавачот.

Стефан Влахов Мицов (1956) е автор на богат научно-истражувачки опус. Негови најзначајни дела се: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“,„Држава – како се гради и брани“, „Балканска психологија – државници и марионети“, „Творечки дострели во македонски дух“ и „Филозофија на балкансиот пекол“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top