| четврток, 6 декември 2018 |

Бура предизвика алергиски напади, 6 лица починале од алергиска астма во Мелбурн

Бројот на лица кои починале поради ретко заболување познато како бурна астма во Мелбурн се зголеми на шест, а три лица се во критична состојба, пренесува Би-Би-Си.

Силната бура што го зафати градот во понеделникот предизвика брзо ширење на полен, кој предизвика алергиски напади и алергиска астма во австралиската држава Викторија.

Повеќе од 8.000 лица се примени во здравствените центри поради здравствени проблеми. Во Австралија едно од 10 лица имаат астма, а повеќе од 80% о нив имаат алергии, додава Би-Би-Си.

У Мелбурн пролетта е особено влажна, што им предизвикува дополнителни проблеми на луѓето со астма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top