| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата грешка која можете да ја направите за време на сексот

Познато е дека мажите многу почесто доживуваат оргазам во креветот од жените. Сепак, се случува жените во своите дваесетти години дури и да не доживеат оргазам. Дали е тоа причина за жената да глуми задоволство пред својот партнер?
Доколку не сте меѓу 20 отсто среќнички кои доживуваат вртоглав ураган, тогаш ќе биде потребно доста време и труд за да бидете задоволени во кревет. Ако се вбројувате во останатите 80 отсто дами и притоа сте на почеток од врската или станува збор за врска за една вечер, многу е веројатно дека ќе исценирате оргазам.

Постарите пријатели ќе ве посоветуваат никако да не глумите пред мажот и навистина ќе бидат во право, затоа што лажниот оргазам нема да ви го реши проблемот. Дури и тогаш кога вашиот партнер дава се` од себе, ќе се случи да не успее во својата мисија. Можеби сте премногу уморни. Без разлика што е причината, најдобро е да ја признаете вистината. И да, за тоа е потребна храброст. Признанието може да предизвика и понижување и страв, но и да го уништи расположението. Сепак, нема причина за да се чувствувате непријатно поради тоа.

Лажниот оргазам ќе води до уште еден лажен, па партнерот никогаш нема да ви пружи задоволство какво што заслужувате, бидејќи ќе мисли дека цело време ја прави вистинската работа. Ако се преправате за време на секој сексуален однос, тоа премолчано ќе значи дека секој однос задолжително мора да се заврши со оргазам, што лошо ќе влијае врз вашиот однос. И во сексот без оргазам може еднакво да се ужива.

Доколку секогаш за цел си го поставувате оргазмот, тоа може да доведе до дополнителен притисоки да ја уништи забавата. Притоа, со тоа ќе го натерате партнерот да помисли дека доведувањето на жената до оргазам е лесна работа и дека не е потребен преголем труд, ниту изненадувања во кревет.

Затоа, кажете му на партнерот дека можеби нема и двајцата да доживеете огномет и верувајте ќе си направите поголема услуга, отколку да одглумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top