На Aлен Курина (26), водачот на еден од најголемите криминални кланови во Војводина и на Драган Б. (35), одреден им е притовр од 30 дена заради опсност од повторување на кривично дело.
Двајцата беа уапсени во четвртокот, а српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ нивната група ја опишал како најсилна во северна Србија по претресот на џипот во кој биле пронајдени 50 килограми дрога.
Курина, освен за трговија со наркотици се товари и за уште неколку кривични дела меѓу кои и криење на Воислав Миличев кој бил осомничен за убиство.
За Ален Курина јавноста слушнала мината година кога во заседа бил убиен Филип В. од Нови Сад.
Во автомобилот, убиениот бил заедно со Курина, а во таа престрелка во возилото завршиле огромен број на куршуми.
Во вооружениот напад Курина успеал да се спаси, иако бил погоден со дури 9 куршуми, а како што се претпоставува, Курина бил метата, но настрадал Филип само затоа што седел на возачкото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст