Во своето обраќање на централниот митинг на Коалицијата за подобра Македонија, кој се оджа вечерва пред Портата Македонија во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски им се обрати на пензионерите, на младите, на неопределените, но и на политичките соперници за кои верува дека се патриоти и нема да гласаат против државноста и унитарноста на Македонија и за зачуввувачње на унитарноста на Македонија.
-Има причина зошто сеуште сте неопределени, во нив не гледате алтернатива и покрај се што направија, знаете зошто го прават ова, им ја гледате неискреноста и немањето визија, распродавањето на државните интереси и потценувањето на народот, а нам ни замерувате, сигурно некаде и со право. Погледнете ги јасно понудите, програмите, но и цело сценарио, гласајте слободно и по сопствено убедување, не дозволувајте да работи кои може лесно да се променат и заеднички ќе ги менуваме, да ви ја попречат големата слика и притоа да не го видите она што може да и се случи на државата – вие ја сакате оваа држава и вие знаете што е подобро, ова денеска на граѓаните им го порача лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.
Оние кои размислуваат да гласаат за помалите партии Груевски ги потсети дека помалите коалиции се направени наменски во овие избори со цел да ја нагризат Колицијата за подобра Македонија, да ја ослабнат.
-Секој ден на терен се потврдува нешто друго, народот ова го има прочитано и затоа поддршката за нив ќе биде минорна. Тие нема да имаат ниту еден пратеник, а вашиот глас со тоа ќе отиде во празно, односно ќе отиде во прилог на оние кои се заговорници на ова сценарио во соработка со опозицијата. Ако гласате за помалите коалиции исто како да сте гласале за опозицијата, нив ги раководи и поддржува ист центар.
ВМРО е во вашите срца и самите знаете кој е вистинскиот пат. Ова не е прашање на личности и раководства на партии туку прашање за Македонија, а кога Македонија е во прашање, ВМРО е секогаш обединето и единствено, заедно со народот на Македонија, порача Груевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст