| четврток, 6 декември 2018 |

Што ја чека Куба по смртта на Кастро?

Што ќе се случи со кубанскиот еднопартиски систем и кој ќе ја наследи старата генерација на револуционери?

Раул Кастро, братот на Фидел, веќе обелодени дека по партискиот конгрес во 2018 ќе се повлече од политиката…

Раул кастро (85) како свој наследник го истакнува кубанскиот вицепремиер Мигел Дијаз Канел (56) и тој е првиот високо рангиран функционер кој не учествувал во револуцијата на Фидел Кастро и симнувањето на диктаторот Фулхенсио Батиста во 1959 година.Аналитичарите предвидуваат дека по повлекувањето на Раул Кастро ќе дојде до борба ­ судир на тврдата линија на приврзаниците на Кастро и понапредните членови на режимот кои би сакале да ја видта Куба поотворена кон светот.

Очекувањата на Кубанците се повеќе ќе растат во поглед на промените. Смртта на Фидел ќе отвори простор за големи конфронтации меѓу овие две струи ­ вели познавач на состојбите во Куба. Дисидентката Миријам леа велид ека смртта на Фидел може да донесе предност над тврдокорниот сектор на старата гарда.
Се отвараат можности да го отвориме општеството и да напредуваме ­ вели таа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top