| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кичево има над 1.600 нововработени лица

Груевски потенцираше дека довербата од граѓаните тие ја базираат на реализирање на проекти и ветувања, таа доверба е цврста, затоа што и делата кои ги направиле беа реални и се оствариле

Никола Груевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во 4. Изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ беше во посета на Кичево каде што кажа дека бројот на вработени во овој град е зголемен за над 1.600 лица и ќе биде уште повеќе, бидејќи цел тим работи максимално вложено.

-Во Кичево бројот на вработени е зголемен за над 1.600 лица и ќе биде уште повеќе, затоа што нема да застанеме тука, нема да застанеме само на оваа фабрика, прво знаеме дека оваа фабрика закупи уште една локација до неа, да не прејудицираме ништо, но кога една фабрика ќе се изгради и ќе побара уште една локација во комшии, можеме да претпоставиме што намерава. Планираме и други инвестиции, убедуваме, работиме, цел тим е ангажиран да убеди што е можено поголем број на инвеститори да дојдат во Македонија да инвестираат во Скопје и уште повеќе во внатрешноста на земјата. Се трудиме да донесеме нови инвеститори и во другите помали градови, како Штип, Тетово и во Кичево и во Македонски Брод – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.

Тој потенцираше дека довербата од граѓаните тие ја базираат на реализирање на проекти и ветувања, таа доверба е цврста, затоа што и делата кои ги направиле беа реални и се оствариле.

– Нам за разлика од нашите политички конкуренти, најважна преокупација ни се делата, проектите, градбите, мерките за подобар живот, мерките за зголемување на квалитетот на живот. Така ја разбираме политиката, а не апстрактните поими кои тие ни ги нудат, кои ни тие самите не ги разбираат и секако тука запрашајте се кој навистина има реализирано проекти, кој решава проблеми, кој носи инвестиции, ВМРО или СДСМ!? – истакна Груевски во Кичево.

-Нам за разлика од нашите политички конкуренти, најважна преокупација ни се делата, проектите, градбите, мерките за подобар живот, мерките за зголемување на квалитетот на живот. Така ја разбираме политиката, а не апстрактните поими кои тие ни ги нудат, кои ни тие самите не ги разбираат и секако тука запрашајте се кој навистина има реализирано проекти, кој решава проблеми, кој носи инвестиции, ВМРО или СДСМ!?, рече Груевски на митингот во Кичево.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top