| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка во Скопје- со автомобил излетал од патот, совозачот тешко повреден

На патот од Скопје за Долна Матка се случила сообраќајна незгода во која Љ.И. (28) од Скопје управувајќи автомобил „Голф“со скопски регистарски ознаки излетал од патот.

Во незгодата вчера околу 22:14 со тешка телесна повреда (фрактура на клучна коска) се здобил совозачот С.Р. (40) од Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи во Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top