| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува изборната кампања ­ партиите на митинзи ги претставуваат програмите

­ Политичките партии денеска, на седмиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.

ВМРО-­ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе имаат митинг во Скопје.

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Свети Николе и Велес.

Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има митинг во Чегране, Боговиње, а Алијанса за Албанците ќе биде во Битола, Ресен и Крушево.

Коалиција за промени и правда денеска ќе одржи митинг во Сопиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top