По веста за смрта на кубанскиот револуционер, Фидел Кастро, целиот свет нестрпливо очекуваше да се огласи и новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп.
Fidel Castro is dead!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 26, 2016
Трамп во првата реакција на веста за сммрта на Фидел Кастро на социјалната мрежа на Твитер само кратко напиша „Фидел Кастро е мртов“, без понатамошно елаборирање, пренесуваат светските агенции.
Инаку, Трамп, кој на 20 јануари ќе стапи на функцијата шеф на Белата куќа, во предизборната кампања се закануваше дека ќе ги прекине сите односи со кубанските власти, поради состојбите за верските слободи на Куба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.