Британскиот фотограф Дејвид Хамилтон е пронајден мртов во неговиот стан во Париз, пренесе агенцијата „АФО“ повикувајќи се на извори во службата за итни случаи. „Ројтерс“ пишува дека 83-годишниот фотограф, според првичните сознанија, извршил самоубиство.
Дејвид Хамилтон е еден од најпознатите фотографи кој се прочу снимајќи ја детската голотија, особено девојчиња. Неговата работа предизвикуваше жестоки дебати во општествените кругови и бројни протести.
Покрај тоа, неговата работа беше често обвинувана како детска порнографија. Претходно, неколку поранешни модели на Хамилтон го обвинија дека сексуално ги злоупотребувал го биле деца.
Хамилтон, исто така, беше филмски режисер, сценарист и продуцент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.