| четврток, 6 декември 2018 |

Батериите на мобилните телефони ќе се полнат за неколку секунди

Меѓутоа, тоа не е се: можно е батеријата да се наполни повеќе од 30.000 пати. Само за споредба, обичната литиум-јонска батерија нуди околу 1.500 полнења

Во текот на изминативе десетина години паметните телефони напредуваа речиси во секој поглед, освен во една компонента, батеријата.

Во тимот на американски научници од Универзитетот во Флорида се уверени дека нанотехнологијата може да ја совлада и таа последна препрека и да донесе револуција во областа на чување енергија. Тие имаат и доказ за тоа.

Според резултатите објавени во магазинот „ACS Nano“, oткриен е нов процес на создавање на флексибилни суперкондензатори чие полнење се мери во секунди, додека за празнењето е потребно повеќе од една недела.

Меѓутоа, тоа не е се: можно е батеријата да се наполни повеќе од 30.000 пати. Само за споредба, обичната литиум-јонска батерија нуди околу 1.500 полнења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top